Османи: За неколку месеци ќе го имаме првиот премиер Албанец
Во ДУИ на големо се тера пред се внатрепартиска кампања откако огнената група сериозно го разниша легитимитетот на актуелното партиско раководство.
ДУИ вечерва е на митинг во Чаир од каде новиот координатор на партискиот огранок во оваа скопска општина порача дека за неколку месеци Македонија ќе го добие првиот премиер Албанец.
Бевме народ без јазик, без знаме, без достоинство и горди на тоа што бевме, а да се вратиме таму каде што сме сега и да ја направиме разликата и да почнеме од горе - долу. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и ја води војската со печат што е на албански јазик. Денеска имаме Собрание што во последните шест години го водат Албанци. Всушност, имаме три парламенти во регионот кои сега се водат на албански јазик. Ја имаме Владата со која неколку месеци го чекаат првиот албански премиер, рече Османи, додавајќи дека од 18 министри, 9 се Албанци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа