Османи: Со Шведска во НАТО се зајакнува стабилноста на Европа

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за одлична вест го смета придружувањето на Шведска во НАТО. Тој смета дека ова е еден од најважните политичко-безбедносни настани, кој ќе ја зајакне и стабилноста на Европа.

„Одлични вести од овде од Вилнус! За време на НАТО самитот се постигна политички договор со кој нашиот сојузник Шведска се приклучува во трансатлантското семејство, продолжувајќи го патот до полноправно членство како 32 земја – членка на НАТО. По членството на Финска, ова е најважниот политичко – безбедносен настан кој не само што значително ја зајакнува моќта на Алијансата, туку и силно ќе влијае на долгорочната безбедност и стабилност на Европа“, напиша Османи.

10.07.2023 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега