Османи: Следната мисија на ДУИ е Албанец претседател на Македонија

 

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за медиумите рече дека изборот на Џафери за технички премиер е историски оти за првпат се скршени етничките табуа и монополи, каде ниту една етничка група не е пофаворизирана од друга.

Според Османи, во наредните години ќе го имаме и првиот претседател Албанец.

„Одлуката за избор на Талат Џафери за албански премиер беше едногласна, освен еден член кој предложи првиот премиер да биде женски. Она што е историско е рушењето на етничките монополи. Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по вторпат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието. Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, вели Османи.

09.12.2023 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега