Османи: Северна Македонија ги исполникритериумите за почеток на преговори - на ред е ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави оти не мисли дека Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздовени на патот кон ЕУ уште еден период, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение, за што веќе има политичка одлука.

-Мислам дека во овој период нема да имаме одвојување, според тоа што јас го знам и го следам. Но тоа не значи дека нашата европска перспектива треба да ја засновуваме на внатрешната динамика и перспектива на Албанија. Ние си имаме наш план и стратегија пред нас и таа треба да ја реализираме, рече Османи.

Дали ние долго ќе останеме во тој процес, доколку двете држави бидат одвоени, шефот на дипломатијата вели дека ќе зависи од тоа дали сите земји – членки ќе дадат поддршка на почетокот на преговорите, дали Бугарија ќе го тргне ветото.

-Ова исклучиво зависи од тоа дали Бугарија ќе даде согласност на преговарачката рамка и на одржување на првата меѓувладина конференција без да има каква било корелација со тоа кој е патот на Албанија. Се разбира дека ние сакаме двете држави да почнат одеднаш, ќе се дава нова динамика на регионот, посебно со овие нон пејпери кои се шират, меѓутоа мислам дека не зависи нашата европска перспектива воопшто од тоа дали сме во пакет или не сме. Јас мислам дека ќе останеме во пакет уште еден период, рече Османи.

Според него, погрешна е дебатата што се насочува во јавноста и ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не, тоа е е прашање на Албанија.

-Ние го поставуваме прашањето дали ние треба да ги почнеме преговорите сметајќи дека сме ги исполниле сите критериуми дури и сме ги надминале, во поглед на политичките, во поглед на економските и во поглед на транспонирањето на евроското законодавство. И затоа во мојот говор реков дека овој ѕид за започнување на преговори не само што стана симбол на нашите европски аспирации, стана тест на кредибилитетот на ЕУ, изјави денеска Османи по настанот организиран во пресрет на Денот на Европа.

Очите на јавноста во регионот, на нашите граѓани, како што потенцираше, се на овој тест, на овој ѕид пред којшто е ставена Република Северна Македонија.

-Ние ќе продолжиме да работиме за започнување преговори, да ја искористиме шансата во јуни којашто се нуди пред нас. Мислам дека дебатата одвојување е погрешна, малите држави треба да се засновуваат на принципи и вредности, а не на тактики и на стратегии, рече Османи.

Шефот на дипломатијата потенцираше дека проширувањето се засновува на принципот регата односно дека секоја земја се движи кон целта со динамиката што сама си ја наметнува.

-Дали Северна Македонија не треба да ги почне преговорите, тоа е прашањето. За тоа очите на јавноста во регионот се вперени кон нас, од Косово, Србија, Босна, Црна Гора, кои гледаат на нас како тест за веродостојноста на овој процес на проширување, рече тој. Тие, според него, гледаат како ЕУ ќе одговори на нашата „нетипична приказна“ во исполнување на критериумите и надминување на проблеми на Балканот на европски начини кои не се типични за другите држави.

Османи потенцираше дека не сака да биде политичар кој во октомври трча и моли за раздвојување, а денеска моли да не се одвојуваме.

-Бидејќи не се држиме на принципите тогаш не можеме да морализираме зошто ЕУ не се држи на принципите во нашиот однос со Бугарија. И тогаш и сега сметам дека овој процес треба да се засновува на стриктни критериуми на исполнетост на условите. Република Северна Македонија ги исполни условите и испорача, на ред е ЕУ да испорача, рече Османи.

Во однос на стратегијата кон Бугарија, министерот за надворешни работи кажа дека нивна оценка било дека најширок прозорец со можност е јунско-јулскити самити и тие очекувања биле дека со завршување на изборите во Бугарија ќе се формира брзо институциите, ќе се ангажираме во суштински дијалог со нив со цел да се инајде решение кое што потоа ќе доведе до конзесус во преговарачката рамка.

-Но, очигледно таму се оди на техничка Влада и на предвремени избори. Меѓутоа, одлуката за првата меѓувладина конференција е техничка одлука бидејќи политичката одлука за почеток на преговори беше донесена во март минатата година, рече Османи потенцирајќи дека треба да следи само техничка одлука за почеток на преговори.

Во однос на прашањето со Бугарија, министерот за надворешни работи вели дека е веднаш по формирањетоп на тамошната Влада ќе бара одржување на Меѓувладината комисија која што произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство. Целта на таа Комисија, како што посочи, е да направи објективна проценка на степенот на негова имплементација.

-За жал, засега шпекулациите во однос на динамиката на имплементација беше една од основните дебати. Па испраќање на меморандуми до земји членки дека ние не го исполнуваме договорот. Тој што треба да каже дали се исполнува е оваа меѓувладина Комисија, вели Османи.

Инсистирал, како што кажа, да се одржи состанок на којшто точно ќе се направи проценка што е имплементирано од Договорот со Бугарија.

-Сметам дека е во наш интерес, бидејќи не бегаме од одговорностите на договорот да ја направиме таа објективна проценка. И затоа уште од првиот ден (на новата бугарска влада) ќе инсистирам да се одржи Меѓувладината комисија, да се направи проценката на динамиката на имплементациија, да се усвоји Акцискиот план, изјави Османи.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега