Close Menu
    Најново

    Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб

    18.12.2025 во 23:46

    Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река

    18.12.2025 во 23:29

    На Зеленски итно му требаат пари

    18.12.2025 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Крај на телевизиската ера на Оскарите – од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
    • Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река
    • На Зеленски итно му требаат пари
    • Трипуновски: Откупени се околу 15 милиони килограми тутун
    • Скопјанка си го истепала синот со здравствени проблеми
    • 3 хороскопски знаци ќе се збогатат на игри на среќа до 25 декември
    • Се урна приватен авион во Северна Каролина
    • За да ве следи среќа цела година- запомнете го утрешниот датум
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка

    Османи:  Секој нов дуќан во Чаршијата со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка

    21.09.2025 во 11:12
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, продолжува да ја презентира својата јасна визија: враќање на стариот сјај на Старата скопска Чаршија и претворање во симбол на иднината на градот. Утрово, преку видео објавено на својот официјален профил на Фејсбук, Османи го посети еден занаетчиски дуќан и упати силна порака до граѓаните.

    -Чаршијата не е само пазар, таа е душата на Скопје. Таа е сведоштво на вековна традиција, на занаети што се пренесуваат од генерација на генерација и на духот што нè поврзува сите, рече Османи.

    Во визијата што ја претстави, тој подвлече дека секој нов дуќан со историски и културен карактер ќе добие финансиска поддршка. Мајсторите и чираците кои го продолжуваат занаетот ќе бидат стипендирани. Производите што ќе се создаваат таму ќе го носат печатот „Made in Çarshi – направено во Чаршијата на Скопје“.

    -Сакам производот од Чаршијата, кога ќе се појави во Швајцарија или било каде во светот, да го носи печатот „Направено во Чаршијата“. Тоа е печат на автентичност, на историја и на иднина, нагласи Османи.

    Тој јасно порача дека во Чаршијата нема место за брза храна и комерцијални содржини кои го нарушуваат духот на просторот. Таму ќе има само традиционална храна, стари занаети и чисти улици кои ќе го вратат изгубениот сјај.

    -Нашата Чаршија е нашата гордост. Таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој. Тоа е темелот врз кој ќе ја изградиме иднината на Чаир и на Скопје, порача Османи.

    Со оваа визија, Османи ја потврдува својата решителност старата скопска Чаршија да ја постави во центарот на културниот и економскиот живот на градот.

    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Горивата драстично поевтинуваат од полноќ

    15.12.2025 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.