Османи: Пораката од Брисел не е добра

 

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, утрово ја напушти Македонија и се упати кон соседна Србија. На аеродром ја испрати шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Токму пред нејзината посета во Скопје, Ројтерс објави дека поради страв од можни реакции во земјите членки, Брисел не може повеќе да гарантира дека шесте балкански земји, а и нашата во нив, дека ќе бидат примени во ЕУ.

Министерот пак, Османи, за Утрински брифинг, изјавил дека сепак ЕУ била посветена на членството на регионот и ЕУ, ова било опција без алтернатива, пишува „Слободен печат“.

-Во подготовските на телата на ЕУ за заедничката декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување“ треба да стои во тој документ. Некои го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново, други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот самит, дали е самит на проширување или е самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан. Која варијанта и да е, пораката не е добра, во смисла на унисоноста на ЕУ во односот на Западен Балкан, но не е ништо ново. Има земји членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може уште 6 нови земји членки да дојдат да се зачленуваат, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари, објаснува министерот Османи.

29.09.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега