Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи: Понудата на власта за избори –  јавно едно, приватно друго, но нашиот одговор останува ист

    Османи: Понудата на власта за избори –  јавно едно, приватно друго, но нашиот одговор останува ист

    21.09.2025 во 10:462 Mins Read
    Бухар Османи, кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обраќајќи се пред граѓаните во Чаир, Бујар Османи го нарече последниот бран синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“, „знак на паника“ од очекуваниот пораз на ВЛЕН,  стои во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, што МИА го пренесува интегрално.

    „Кога излегуваат координирано со исти изјави дека нема да има парламентарни избори, тоа е знак на паника. Тие се во паника“, рече Османи, тврдејќи дека токму стравот од резултатите ги натерал ВМРО-ДПМНЕ да испраќа „емисари“ кај ДУИ со предлог да влезе во владата по локалните избори.

    „Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во влада по изборите во октомври. Директно, од ВМРО ДПМНЕ. Затоа што ги гледаат резултатите. Резултатите се три спрема еден,“ рече Османи.

    Тој јасно им порача дека такво сценарио нема да помине. Во стил на изборен манифест, тој го отфрли моделот на „политичко мешетарење“, при што, како што рече, партии и претставници се менуваат по лична волја на премиерот, без изборен легитимитет.

    „Ние не сме народ што можат да го потценуваат, излези ти, влези ти“, рече Османи и додаде: „Нема поголемо понижување од премиерот да ти ги одредува претставниците.“

    Тој тоа го нарече обид за институционално понижување на цела заедница, каде според него, малцинствата се третираат како да немаат суверенитет.

    „Не можете повеќе да не подредувате. Може да седнете со нас, со победникот. Не со нас како такви, туку со победникот. Со оној што има еден глас повеќе од албанскиот народ“, изјави Османи, инсистирајќи дека секоја легитимна влада мора да се формира во соработка со политичкиот претставник кој ќе добие доверба од мнозинството албански гласачи.

    Централната порака на говорот беше јасна: „Ние не прифаќаме да не земате и да не давате, тоа може со тие други, кои тивко прифатиле статус на вазали,“ рече Османи

    Османи го претстави својот политички став како отпор против „режимот на подредување“ и побара нов модел на рамноправна коалиција, каде „се договара за целосна еднаквост, за Охридскиот договор, за соживотот и патот кон ЕУ.“

    „Вие не земате влада ниту избирате кого било да не води. Народот одлучува кој влегува и кој излегува“, порача Османи.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.