Османи: Нашиот закон не дозволува да ги пуштаме надвор од Македонија тие што немаат пасош со северна

Земјите членки на Европската унија самостојно одлучуваат по однос на тоа како ќе се однесуваат за валидноста на патните исправи. Главно граѓаните немаат поголеми пречки за враќањето дома, но во однос на излегување, нашиот закон не дозволува употреба на старите пасоши. Согласно членот 118 од Уставот не може со закон да се менуваат меѓународни договори, останува да се организираме, да им излеземе во пресрет на граѓаните и да издаваме повеќе пасоши, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Прашан дали МНР има добиено каков и да е допис од ЕК дека земјите членки ќе бидат попустливи за нашите граѓани со старите пасоши, Османи во изјава за медиуми во МНР нагласи дека се во постојана комуникација и со институциите на ЕК, и со земјите членки, и оти досега официјални дописи имаат добиено само од две земји, од Швајцарија која потврдила со нота дека го прифаќа пасошот и БиХ која информирала дека нема да ги признава старите патни исправи и личните карти. 

-Земјите членки сами одлучуваат по однос на валидноста на пасошите. Една земја има донесено формален став којшто не има комуницирано, другите повеќе практично се поставуваат отколку да имаат заземено некој став којшто би го комуницирале. Меѓутоа, воглавно граѓаните немаат поголеми пречки во однос на враќањето дома. Прво, затоа што ние се организиравме во ДКП-еата, овозможивме бесплатни патни исправи, овозможивме Патни листови да се достават со пошта, што значи дека им излегуваме во пресрет. Во многу држави на граѓаните и не им ги бараат патните листови. Меѓутоа, бидејќи јас немам добиено официјална нота од државите како се однесуваат по однос на старите пасоши не можам и официјално и да ги известам граѓаните. Меѓутоа, тоа е пораката. Значи, повеќето од државите дозволуваат движење и со старите пасоши доколку е валиден. Но, ја кажав причината зошто јас не можам официјално да ги информирам бидејќи немам официјално допис, вели Османи.

Тој нагласи дека некои држави не ги бараат ниту патните листови, но упати граѓаните коишто патуваат со автомобил и поминуваат низ неколку држави, да не ризикуваат, бидејќи  патниот лист е бесплатен, лесно го добиваат, сепак да го имаат. 

21.02.2024 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега