Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи најавува итни мерки во првите 100 дена

    Османи најавува итни мерки во првите 100 дена

    13.10.2025 во 10:00Updated:13.10.2025 во 10:062 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи најави конкретни и итни мерки кои ќе ги преземе веднаш по преземањето на функцијата: масовно чистење на општината, формирање механизам за бескомпромисна борба против корупцијата и итно решавање на сите предмети и барања за легализации на објекти од граѓаните, се наведува во соопштението на Бујар Османи .

    „Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму“, рече Османи, додавајќи дека тоа е најлесната, но најважната работа која им го отежнува животот на луѓето.

    Османи јасно го дефинираше и вториот критичен приоритет, а тоа е борбата со корупцијата.

    „Ако во првите сто дена не ја сведам корупцијата на нула во Чаир, нема да продолжам понатаму“, истакна Османи.

    Во однос на дивоградбите и на правната несигурност што ја чувствуваат граѓаните, Османи најави итни активности за справување со овој проблем и заштита на граѓаните кои биле измамени при купување станови.

    „Ако во првите шест месеци се појави некоја папка за легализација во фиока за да се уценуваат луѓето кога ќе дојдат избори, нема да продолжам понатаму. Ќе ги решиме сите документи и барања за легализација, затоа што само така се работи“, потенцираше изјави Османи.

    Тој ја стави својата лична одговорност и досегашните резултати како гаранција за исполнување на ветувањата.

    „Во секоја задача што сум ја имал, дури и најтешките, сум излегол со резултати. Затоа што, ако продолжиме вака, нема да има повеќе надеж. Луѓето ќе ја изгубат надежта, една група ќе продолжи да се богати на ваш грб, како што тоа го прави дваесет години, а нашите деца ќе ја бараат првата можност да го напуштат Чаирот. Ова мора да го запреме заедно“, нагласи Османи.

    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица на средба со министерот за транспорт Зечевиќ: Акцент на регионалното поврзување и пристаништата

    09.10.2026 во 18:22

    Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

    09.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.