Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан

 

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После  реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти МНР. 

За време на престојот во Бишкек, Киргистан, предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ.

Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА, др наведува во соопштението од МНР.

02.10.2023 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега