Close Menu
    Најново

    Под контрола пожарот во близина на црквата „Св. Спас“ – интервенирале 20 пожарникари

    04.12.2025 во 22:30

    „Евзони“ затворен и вечерва

    04.12.2025 во 22:08

    Русија го блокира „Снепчет“

    04.12.2025 во 21:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Под контрола пожарот во близина на црквата „Св. Спас“ – интервенирале 20 пожарникари
    • „Евзони“ затворен и вечерва
    • Русија го блокира „Снепчет“
    • Николоски: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти, средба со Караџов и Маринеску во Брисел
    • Русија се перципира како најголема закана за Европа, Кина далеку позадина
    • Во гајба за леб пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор – Идризово“
    • Избувна пожар во близина на „Пивница“ на скопско Кале – eкипите на терен
    • УМС и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со акцент на превенција и заштита од насилство
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Османи до „Урбаната мафија“: По 20 октомври, нема да има ниту една нова дивоградба во Чаир

    Османи до „Урбаната мафија“: По 20 октомври, нема да има ниту една нова дивоградба во Чаир

    06.10.2025 во 23:06
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, во своето обраќање испрати силна порака до, како што ја нарече, „урбаната мафија“ која со години ја заробувала општината, збогатувајќи се на грбот на граѓаните. Тој истакна дека по 19 октомври, ниту една нова дивоградба нема да биде дозволена во Чаир.

    „Сакам денес да испратам порака до урбаната мафија, која го има заробено Чаир за корист и го разграбува, по 20 октомври нема да има ниту педа во нашата драга општина каде може да се изгради дивоградба!“, порача Османи.

    Тој нагласи дека дивоградбите се симбол на неправда и дека мора да се стави крај на коруптивните практики што ја уништуваат општината.

    „Не можеме да дозволиме некои олигарси да се збогатуваат на ваш грб, земајќи ви ја водата, тротоарите, патиштата, здивот, вашиот воздух“, изјави Османи, додавајќи дека Чаир повеќе нема да биде најкорумпираната општина во Скопје.

    Во врска со стравот на граѓаните за уривање на нивните домови, Османи беше прецизен:

    „Нема да ги рушиме ниту објектите без дозвола што веќе се изградени. Луѓето ги потрошија своите животни заштеди за да купат станови. Денес живеат со анксиозност и страв, страв дека утре можат да ги загубат домовите што со години ги создавале. Но јас ветувам: нивните домови нема да бидат допрени.“

    Тој потенцираше дека целта на неговата програма е токму спротивното, а тоа е зголемување на вредноста на имотите на граѓаните. Османи истакна дека неговиот пристап е заснован на решенија, не на казни, и дека ќе внесе дисциплина, нова етика и отчетност во работењето на општината.

    „Не влегувам во општината Чаир да ја водам, туку да ве инспирирам вас да почне нова ера заедно со мене. Да работиме со други приоритети, со дисциплина друга, со посветеност друга“, додаде тој.

    Османи се осврна и на проблемот со чистотата и јавната хигиена, нагласувајќи дека Чаир мора да ја врати сликата на достоинствена, чиста и здрава средина.

    „Ако сме познати по чистотата на нашите домови, тогаш зошто нашиот Чаир да биде најнеуредна општина? И Чаир е нашиот двор, единствениот дом каде што растат нашите деца“, рече Османи.

    Тој подвлече дека чистотата е прашање не само на естетика, туку и на здравје, и дека токму затоа ова ќе биде еден од неговите први приоритети.

    Популарно

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.