Османи денеска ќе воспостави контакт со семејствата на починатите во автобуската несреќа

„Денеска ќе контактирам со семејствата, бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања во однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму за да можеме да го направиме овој акциски план“, информираше на денешната пресконференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Министерот откри дека вчера имал еден подолг состанок овде во Министерството за како што кажа, да ги утврделе сите детали.

„Се разбира работиме според проценките кога би можело да заврши процесот на идентификација. Беше најавено една недела од случувањето на несреќата, меѓутоа има различни проекции“, додава Османи.

28.11.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега