Close Menu
    Најново

    Фон дер Лајен се дистанцира од корупцискиот скандал во ЕЕАС – Брисел под притисок

    04.12.2025 во 17:55

    Жолто предупредување: Можно излевање на реки – бидете внимателни

    04.12.2025 во 17:38

    Трагичен крај по долгата потрага: Семјеството потврди – Миле Тодоров е пронајден починат

    04.12.2025 во 17:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Фон дер Лајен се дистанцира од корупцискиот скандал во ЕЕАС – Брисел под притисок
    • Жолто предупредување: Можно излевање на реки – бидете внимателни
    • Трагичен крај по долгата потрага: Семјеството потврди – Миле Тодоров е пронајден починат
    • Најлошите свекрви се раѓаат во четири знаци
    • Каменицки: Словачка може да и позавиди на Македонија
    • Европол разби мрежа за крипто-измами: Исперени над 700 милиони евра, девет лица уапсени во две фази
    • СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски
    • Се зголемува бројката на заболени од грип – за една недела регистрирани се 114 случаи
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Османи: Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата

    Османи: Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата

    30.09.2025 во 11:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи денеска на прес-конференција го промовираше механизмот „Граѓанско око“, чија цел е, како што рече, искоренување на корупцијата во општината.

    „Граѓанско око“, објасни Османи, е сет од регулативи и четири реформи кои опфаќаат: јавно отворање на тендерите, независен мониторинг, јавна каса (можност со еден клик граѓаните да ги следат приходите и трошоците на Општината) и автоматска контрола со примена на вештака интелигенција – дали нешто се спроведува незаконски.

    Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата, најави Османи, порачувајќи дека нема да дозволи да се злоупотреби ниту еден денар од парите на граѓаните.

    -Длабоко вкоренетата корупција во Чаир е корен на сите други проблеми кој по 19 октомври ќе го сосечеме и уништиме, таа ги јаде парите на граѓаните, парите за проекти кои треба да бидат во интерес на граѓаните додека моќници и профитери се богатат на нивниот грб и од нивните даноци. Не ветувам невозможни работи и празни флоскули, туку конкретни реформи кои ќе овозможат парите на граѓаните кои досега се одлеваат преку корупција, ќе завршат директно во проекти за граѓаните. Јасно порачувам дека еден денар нема да дозволам да се злоупотреби од парите на граѓаните, истакна Османи.

    Според него, транспарентноста не е празно ветување, туку систем и правила кои никој не може да ги заобиколи.

    -Чаир ќе стане општина на граѓаните, со транспарентност, ефикасност и чесност, на 19 октомври со ваша поддршка ќе каже сите заедно „стоп на корупцијата во Чаир“, ќе изградиме општина која ќе биде пример за цела држава. Јас и тимот сме подготвени за промената што ја заслужваме, рече кандидатот за градоначалник.

    Одговорајќи на новинарски прашања во врска со вчера изнесениот став на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Османи оцени дека Мицкоски е албанофоб.

    -Не се изненадив од вчерашната изјава на Мицкоски по однос на неговата мисија да ја исчезне ДУИ од политичката сцена зашто по природа тој е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите. Тоа е посилно од него, но вознемирува што таа негова омраза се проектира меѓу граѓаните. Но, јас нема да дозволам таа омраза да влезе во Чаир, зашто во Чаир соживотот е свет. Ако Мицкоски го укинува балансерот, јас ветив дека ќе правам фонд за правична застапеност на заедниците во Чаир, ако го укинува албанскиот јазик, ние тука ќе правиме одделение за јазици, истакна Османи и порача дека Чаир ќе остане оаза на соживотот.

    Популарно

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.