Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • „Ќерката ме претепа со тврд предмет и ми се закани“ – Скопјанец пријавил во полиција
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

    Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов

    08.06.2026 во 14:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За оваа несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесува 4news.mk.

    Против З.Ј. се водеше постапка за кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. По анализа на доказите, судот оцени дека дејствијата за кои тој се товареше не ги содржат законските обележја на ова дело.

    Според образложението на Судот, сопственоста на возилото не е основа за кривична одговорност во ваков случај.

    „Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола.“

    Судот појаснува дека ваквото однесување во македонското законодавство е регулирано и санкционирано како прекршок во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Поради тоа, не може преку проширено толкување на кривичниот закон да се создаваат нови облици на одговорност.

    Во пресудата јасно се дефинира и границата помеѓу прекршочно и кривично дело.

    „Повторувањето на едно прекршочно однесување, само по себе, не го претвора во кривично дело. Бројот на прекршоците не може да создаде нов правен квалитет на дејствие доколку не се исполнети законските обележја на конкретното кривично дело.“

    Со оваа одлука, кривичната постапка против сопственикот на возилото е финализирана со ослободување од вина.

    Прочитај повеќе

    Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје

    20.10.2026 во 15:06

    Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник

    20.10.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.