Орце Ѓорѓиевски го чека Обвинителството, а Обвинителството до сега не добило никакви информации од полицијата, Финансиската полиција и инспекторатите за сторен криминал во Град Скопје, поврзан со исплаќање на средства за камиони.
„ Надлежни институции за откривање на кривични дела се МВР, Управата за финансиска полиција, инспекторатите. До обвинителството до овој момент не е доставена ниту пријава, ниту известување“ – велат од ОЈО Скопје.
Оттаму велат дека до овој момент се работи само на предметот поврзан со загрозување на животната средина од Комунална хигиена со несобирање на отпадот, но не се исклучува дека ќе се отвори нова истрага доколку за тоа се обезбедат докази.
„ Обвинителството никого не чека, основ да постапува има точно тогаш кога ќе добие сознанија дека во одреден настан има елементи на кривично дело. Обврските на сите останати органи се наведени во ЗКП“ – објаснуваат од ОЈО.
Орце Ѓорѓиевски вчера рече дека има документација според која се ангажирале камиони за чистење на главниот град а за тоа се исплаќале пари како за интелектуални услуги и тоа во суми од илјадници евра

