Патувај мирно таму горе, каде што нема тага ниту болка, туку вечна светлина, напиша на ФБ Орце Ѓорѓиевски по повод смртта на Панчо од ДНК.

„Дваесеттина години искрено пријателство, безброј заеднички моменти, спомени што засекогаш ќе останат во срцето.

Ќе ми недостигаат нашите долги разговори, ведрина и твојата искреност со која секогаш настапуваше.

Почивај во мир, другар мој…

Еден ден повторно ќе се сретнеме, како и секогаш, со насмевка“, напиша на ФБ Орце Ѓорѓиевски.

Exit mobile version