Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека до овој момент од јавните претпријатија се отстранети вкупно 371 лице, кои земале плата без да одат на работа или, пак, вршеле злоупотреби на своите работни места.

До сега, во моментов отстранети од работа од јавните претпријатија се вкупно 371 лице, кои што или не оделе на работа а земале плата или пак вршеле злоупотреба на своето работно место а сето тоа го плаќале граѓаните. Тие активности и проверки ќе продолжат и во наредните денови за сето тоа ќе бидете информирани, рече Ѓорѓиевски.

Exit mobile version