Орбан: Во Брисел во тек се подготовки за влез на Европа во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде дека е неопходно зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија.

Орбан изјави за „Радио Кошут“ дека „постојат некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвувале за Првата и Втората светска војна“, пренесува агенцијата „МТИ“.

„Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната“, рече унгарскиот премиер.

Орбан изјави и дека поради тоа има потреба од зајакнување на армијата, бидејќи тоа само по себе може да ја одврати војната.

„Слабоста е најчеста причина за војни, затоа е неопходно да се има војска и војници, да се направат подготовки и да се зајакнат капацитетите за самоодбрана“, рече унгарскиот премиер.

24.05.2024 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега