Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска предизвика нов потрес во Брисел, порачувајќи дека неговата влада нема да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Киев, ниту ќе поддржи нови санкции против Русија. Причината е јасна – прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“.
„Никогаш нема да поддржам каква било одлука тука која е во корист на Украина сè додека не ја добиеме нашата нафта, која е блокирана од нивна страна“, дециден е Орбан.
Иако Киев тврди дека нафтоводот е оштетен во руски напад во јануари и дека брза поправка не е можна, Будимпешта не верува во овие објаснувања. За Орбан, ова е „егзистенцијално прашање“ и нагласува дека унгарската позиција нема да се помести ниту за милиметар додека енергенсите повторно не потечат кон неговата земја.

