Орбан: На ​​Украина треба да и се испорача мир, а не оружје

 

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на Украина и треба мир, а не оружје.

„Позицијата на Унгарија што ќе ја застапуваме е непроменета. На Украина треба да и се испорача мир, а не оружје“, порача Орбан од видео-обраќање од Вилнус, каде што се одржува дводневниот самит на НАТО, пренесува „МТИ“.

Тој повика на прекин на огнот и итен почеток на мировните преговори, наведувајќи дека десетици илјади Унгарци се во непосредна опасност.

11.07.2023 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега