Општина Ѓорче Петров додели 30.000 денари помош за Делчево

 

Општина Ѓорче Петров донесе итна одлука за доделување финансиска помош од 30.000 денари за Општина Делчево за санирање на последиците од синоќешното силно невреме.

„Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје. Солидарноста е синоним за Ѓорче Петров, а покажувањето хуманост во вакви тешки моменти е големина на големите. Ние сме секогаш на страна на најголемата човечка особина и доблеста на еден поединец или колектив.

Без разлика на партиска, верска или било каква друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на било каков начин да им помогнеме на нашите колеги. Благодарност до сите градоначалници и тимови од други општини кои на било каков начин учествуваат во помош на погоденото подрачје.

Нашата парола е „модерно, урбано и хумано“ и тоа никогаш не смееме да го заборавиме!“ соопштија од општината Ѓорче Петров.

09.06.2023 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа