Општина Центар вечерва, со почеток во 20 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“, во рамки на проектот „Патувачко кино“, кој ќе трае од 2 до 13 јуни, соопштија од локалната самоуправа.

Градоначалникот Горан Герасимовски упати покана до децата и родителите за бесплатно кино под отворено небо, истакнувајќи дека филмот е наменет за младата публика и пренесува пораки за бонтонот, другарството и вистинските вредности.

По проекцијата во Парк Капиштец, истиот филм вечерва ќе биде прикажан и кај ООУ „Кочо Рацин“ со почеток во 21 часот.

Од Општина Центар информираат дека во периодот од 2 до 13 јуни ќе се одржуваат бесплатни филмски проекции низ центарските паркови, а за секое дете се обезбедени пуканки и сокче.

Проектот „Патувачко кино“ има за цел да овозможи заеднички моменти на дружење и културно-едукативни активности, збогатувајќи ја летната понуда во градот.

Exit mobile version