Општина Аеродром: Инвестираме во капитални проекти за граѓаните

Во изминатата година Општина Аеродром покажа дека инвестира и се грижи за граѓаните, но и со оптимизација на трошоците и домаќинско работење заштедува средства и вложува во нови капитални проекти и инвестиции, велат од општината.

Оттаму потенцираат дека со тој начин на работа ќе продолжат и во наредниот период. Општина Аеродром во моментов го проектира буџетот за 2023 година во кој се планирани инвестиции во неколку важни и капитални проекти.

-Проектирање и почеток на изградбата на две детски градинки и изградба на нов плоштад зад Капитол, доградба и надградба на две училишта и нови паркови во Аеродром се само дел од капиталните проекти кои ги најавуваме на следната година, известуваат од општината.

Од локалната самоуправа на Аеродром истакнуваат дека и во следниот период фокусот ќе биде ставен на зелен и хуман развој на општината, со многу поголем интензитет и динамика. Тоа, како што велат,  подразбира дека сите нови објекти кои Општина Аеродром ќе ги изгради во следниот период ќе имаат систем за енергетска обновливост и енергетска ефикасност.

-Општината ги намалува непродуктивните трошоци и вложува во капитални проекти. За првпат Општина Аеродром следната година ќе издаде „зелена обврзница“ која ќе биде поддршка во реализација на капиталните инвестиции во време на економска и енергетска криза, соопштуваат од општина Аеродром.

Оттаму истакнуваат дека следната 2023 година ќе биде година на интензивни капитални инвестиции.

-Граѓаните на Аеродром заслужуваат модерна и развиена општина. Општина во која се инвестира, се градат капитални проекти. Општина во која се реализираат голем број проекти и каде европските стандарди интензивно се реализираат и имплементираат, за што говори и последното признание кое Аеродром го доби од страна на Советот на Европа, нагласуваат од општината.

24.11.2022 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега