Опозициската СДСМ денеска информираше дека и официјално го поднела Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра во Собранието. Од партијата велат дека ова е нужден одговор на драматично намалениот животен стандард и инфлацијата која ја „изеде“ куповната моќ на граѓаните во изминатата година и половина.

Клучниот аргумент на СДСМ е дека пари во буџетот има, но тие се трошат погрешно. „Не може да има пари за криминални тендери, но да ’нема пари‘ за работниците“, се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ директно ја прозиваат владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ за, како што велат, тендер-шеми. Тие посочуваат конкретни примери: 161 тендер за една фирма, 51 за друга, како и сомнителни 9 милиони евра за компанија со само двајца вработени. „Законот е во Собрание. Сега граѓаните ќе видат кој е за 600 евра минимална плата за работниците, а кој е за криминални тендери“, порачуваат од Бихаќка, додавајќи дека додека власта увезува работници, младите се иселуваат.

Exit mobile version