Онлајн шопинг: За 6 месеци Македонците потрошиле 340 милиони евра на интернет
Во првата половина од 2024 година вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 20,899.8 милиони денари или 339.8 милиони евра. При тоа кон македонските е-трговци биле направени онлајн трансакции во вредност од 210.2 милиони евра од домашни и странски иматели на платежни картички. Тоа преставува учество од 61.8% во вредноста на направените вкупни онлајн трансакции. При тоа од македонски иматели на платежни картичи кон домашните е-трговци направена е вредност од 11,875.6 милиони денари или 193.1 милиони евра, што преставува учество од 56.8%, од странци направена е вредност од 1049.7 милиои денари или 17.1 милиони евра односно учество од 5%. Од друга страна Македонците во странство напавиле онлајн трансакции во вредност од 7974.5 милиони денари или 129.7 милиони евра односно 38.2% од вредноста на вкупните трансакции.
Според усогласувањето на извештаите во податоците од доменот на платежната статистика со Законот за платежни услуги и платни системи се известува и за повторливи онлајн транскации (Recurring payments) кои може да се однесуваат за плаќање на сметки или претплати за најразлини услуги. На домашниот пазар кон домашните е-трговци повтроливи трансакции се направени во вредност од 53.7 илјади евра или 0.03% од остварената вредност, додека Македонците во странство направиле повтроливи трансакции во вредност од 6.1 милиони евра или 4.7% од остварената вредност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа