Оние кои го прележале коронавирусот заразни се уште месец и пол

Шефицата на руската Федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на населението, Ана Попова, денеска изјавила дека луѓето кои закрепнале од Ковид-19 во своето опкружување можат да го шират коронавирусот до месец и пол од оздравувањето.

„Според нашите гледишта, тој период трае до 48 дена додека набљудувањата во странство укажуваат на период од речиси 90 дена“, рекла Попова, пренесува 'Тас'.

Закрепнатото асимптоматско лице кое добро се чувствува и чии резултати од тест на крвта и сите други фактори се одлични, вирусот и понатаму може да го прошири низ назалниот пат, истакнала Попова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега