Муртезани со низа билатерални средби на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција

 

 

На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денеска започнува Претседателството на Северна Македонија со Стратегијата и Јадранско-јонската иницијатива, министерот за европски прашања Орхан Муртезани остварил билатерални средби со министерот за кохезија и регионален развој на Словенија, Александер Јевшек и со Жил Кител, раководител на одделот за Инструментот за претпристапна помош и проширување при Генералниот директорат за регионална политика на Европската комисија.

Како што соопшти МЕП, на средбата со словенечкиот министер Јевшек, се разговарало за тековната подготовка на Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и за поддршката во рамки на новиот проект Facility Point.

Посебно внимание било посветено на размената на искуства во областа на европската територијална соработка и управувањето со Интерег програмите, како дел од пошироките подготовки за идно користење на кохезиските и структурните фондови на ЕУ.

На средбата со Жил Кител, додаваат од Министерството, биле разгледани сите аспекти поврзани со претстојното претседателство на Северна Македонија со ЕУСАИР, текот на подготовките, координацијата со засегнатите страни и поддршката од Европската комисија.

Дополнително, биле отворени прашања поврзани со користењето на достапните финансиски и човечки ресурси, како и потребата од натамошно планирање за ефективна реализација на приоритетите во рамки на Претседателството, стои во соопштението на Министерството. 

07.05.2025 - 09:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега