Close Menu
Press24
    Најново

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

    03.04.2026 во 19:53

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток
    • Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор
    • Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник
    • СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“
    • НАСА пред нов предизвик: Белата куќа бара заштеди среде најважната вселенска мисија на деценијата
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Какви се личностите родени во април?
    • Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото

    ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото

    16.02.2026 во 22:214 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Таканаречените „досиеја на Епстин“, кои неодамна ги објави американското Министерство за правда, содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематско и обемно сексуално злоставување, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, кои можат да бидат карактеризирани како злосторства против човештвото, соопштија денеска експерти на ОН.

    Како што наведуваат, овие дела би можеле да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно насилство, присилно исчезнување, мачење, нехумано и понижувачко постапување и фемицид.

    „Овие злосторства се извршени во контекст на супрематистички верувања, расизам, корупција, екстремна мизогинија и комодификација и дехуманизација на жени и девојчиња од различни делови на светот“, наведоа експертите на ОН во соопштение објавено на сајтот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

    Се напоменува дека овие откритија укажале на постоење на глобален криминален потфат и „застрашувачки импликации на нивото на неказнивост за таквите злосторства“.

    „Обемот, природата, систематскиот карактер и транснационалниот дострел на овие злосторства врз жените и девојчињата се толку сериозни што одреден број од нив би можеле разумно да го исполнат законскиот праг за злосторства против човештвото“, се истакнува во соопштението.

    Експертите предупредија дека пријавените обрасци можат да го исполнат овој праг и дека овие злосторства мора да се процесуираат пред сите надлежни национални и меѓународни судови.

    „Сите обвинувања содржани во ’досиејата на Епстин‘ се од нечуена природа и бараат независна, темелна и непристрасна истрага, како и истраги за да се утврди како таквите злосторства можеле да се случуваат толку долго“, наведоа експертите на ОН.

    И покрај обемот на документите, тие предупредија на сериозни пропусти во почитувањето на прописите и лошо редигирани податоци кои откриле чувствителни информации за жртвите, при што штетата често се случувала пред записите да бидат повлечени.

    „Одговорноста беше ограничена, а само еден близок соработник е под истрага“, се вели во соопштението и се додава дека според меѓународното право, државите се обврзани да го спречат, истражат и казнат насилството врз жените и девојчињата, вклучително и делата што ги вршат приватни лица.

    Експертите ја пофалија храброста и отпорноста на жртвите во барањето одговорност со значителни лични трошоци. Група на овие жртви неодамна се сретна со специјалниот известувач на ОН за насилство врз жени и девојчиња.

    „Неуспехот да се заштити нивната приватност ги доведува во опасност од одмазда и стигма. Неволноста целосно да се откријат информациите или да се прошират истрагите, остави многу преживеани со чувство на повторна траума и изложеност на она што го опишуваат како ’институционален геслајтинг‘“, предупредија експертите и ги повикаа американските власти итно да ги отстранат овие пропусти и да обезбедат целосно откривање и надомест на штетата за жртвите, како и да стават крај на неказнивоста за сторителите.

    Исто така напоменуваат дека мора да биде укината застареноста која спречува кривично гонење на тешки злосторства кои му се припишуваат на криминалниот потфат на Епстин.

    „Секој предлог дека е време да се откаже од ’досиејата на Епстин‘ е неприфатлив. Тоа претставува неуспех на одговорноста кон жртвите. Само оставките на инволвираните поединци не се соодветна замена за кривична одговорност“, рекоа експертите на ОН.

    Тие ги поздравија чекорите на одредени влади да ги истражат сегашните и поранешните официјални лица и поединци именувани во досиејата и ги повикаа и другите држави да го сторат истото.

    „Неуспехот на владите ефикасно да ги истражат и гонат оние кои се одговорни за овие злосторства, вклучително и соучесништво или премолчено согласување, таму каде што постои надлежност, ризикува поткопување на правните рамки насочени кон спречување и реагирање на насилството врз жените и девојчињата“, се истакнува во соопштението. Се додава дека е неопходно владите одлучно да дејствуваат за да ги повикаат сторителите на одговорност.

    „Никој не е премногу богат или премногу моќен за да биде над законот“, се заклучува во соопштението.

    Процесот на објавување на „досиејата на Епстин“ се одвива во согласност со американскиот Закон за транспарентност на овие документи, кој стапи во сила на 19 ноември 2025 година. Министерството за правда на САД на 30 јануари, по одложувањето, објави големо количество материјал, вклучувајќи повеќе од 3 милиони страници, 2.000 видео снимки и 180.000 фотографии.

    Популарно

    Телефонски разговор Путин-Ердоган за судирите на Блискиот Исток

    03.04.2026 во 20:18

    Марков: ВМРО-ДПМНЕ вложува во иднината и развојот на младите со континуирани инвестиции во образовниот сектор

    03.04.2026 во 19:53

    Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник

    03.04.2026 во 19:30

    СДСМ: ВМРО-OKГ конечно ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

    03.04.2026 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.