Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја
    • Утрово голема акција: Претреси низ Македонија – под истрага приватни болници и екс директор на ФЗОМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

    ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

    06.07.2026 во 20:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година.

    Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.

    – Предложените мерки на претпазливост вклучуваат забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице или кај надлежен државен орган, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница – се наведува во соопштението.

    Дополнително, за осомничените се предложени и мерки за забрана за посетување на местото каде што се случил кривично-правниот настан, како и забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители.

    Од Обвинителството додаваат дека во меѓувреме продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдените траги и се преземаат други дејствија во насока на прибирање докази за целосно расчистување на случајот

    Прочитај повеќе

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57

    Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати

    29.10.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.