ОЈО побара притвор за 22-годишен дилер од Радишани

Јавното обвинителство отвори истражна постапка против 22-годишен скопјанец за продажба продавање дрога.

-Осомничениот 22-годишен скопјанец, во домот во кој живеел во населбата Радишани, на 24 јуни, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 534,59 грама, спакувана во 11 најлонски пакувања со различна грамажа. Дрогата била пронајдена при претрес извршен во неговата соба, при што била одземена и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога, велат од ОЈО.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега