ОИ: 21 нов случај на коронавирус, нема заразени спортисти

Потврдени се нови 21 случај на коронавирус, од кои 19 се поврзани со Игрите во Токио, но меѓу нив нема заразени спортисти, соопшти претпладнево Организацискиот комитет на Олимпијадата.

Вкупниот број заразени со Ковид-19 за време на Олимписките игри се искачи на 241.

Претежно станува збор за лица вклучени во организацијата на Игрите, соопштија домаќините, посочувајќи оти ниту еден од заболените немал контакт со Олимпиското село.

 

Организацискиот комитет објави дека залклучно со четвртокот, во Јапонија пристигнале 40.558 странски државјани, кои директно или индиректно се поврзани со Олимписките игри.

31.07.2021 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа