Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години

    Охрид СОС со остри обвинувања: Уништени 17.000 квадрати државно земјиште во Галичица – надлежните молчат три години

    19.10.2026 во 13:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ излезе со остри обвинувања за целосно отсуство на институционална реакција по пријавите за масовна узурпација на државно земјиште, бесправни градби и пустошење на шума во месноста Лагадин, во рамките на Зоната за одржливо користење на Националниот парк Галичица.

    Според реакцијата, уште од пролетта 2023 година биле поднесени иницијативи до надлежните инспекциски служби за да се утврди што се гради на локацијата, но институциите тогаш воопшто не одговориле ниту ги доставиле записниците на увид. Во 2024 година, по нови пријави од локалното население, претставници на Националниот парк Галичица и на Државниот инспекторат за шумарство и ловство извршиле вонреден увид и утврдиле сериозни прекршувања.

    На катастарски парцели во сопственост на Република Македонија биле констатирани:

    • Узурпација на државно земјиште на површина од 17.000 квадратни метри од страна на сопственик на сместувачки капацитет.
    • Бесправни градежни активности, вклучувајќи изградба на потпорен ѕид, армиранобетонска плоча во тек на градба, ископ на карпа и пробивање на пристапен пат.
    • Загрозување на стабилноста на столбовите за пренос на електрична енергија со висок напон.
    • Пустошење на шума и трајна пренамена на шумско земјиште со изградба на повеќе објекти и пат, како и надградба на два ката на диво изградена куќа на соседна парцела.

    И покрај тоа што ЈУНП Галичица поднесе соодветни пријави до Основното јавно обвинителство, МВР Охрид (Одделение за економски криминалитет), Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Државниот правобранител, од „Охрид СОС“ посочуваат дека фотографиите од 2026 година покажуваат дека ситуацијата на терен е уште полоша и дека никој не постапил во изминатите три години.

    „Оваа лузна на планината е толкава што се гледа и од езеро. Доколку институциите реагираа на иницијалните претставки уште пред три години, ќе немаше ваков епилог. Наместо тоа, се чини како да избираат да се соучесници во овие незаконски активности“, велат од иницијативата.

    Од таму предупредуваат дека со ваквото неизвршување на надлежностите се поттикнува криминалот, се наградува кршењето на законите и се доведуваат во прашање препораките на УНЕСКО и заштитата на природното и културно наследство во Охридскиот Регион.

    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.