Ученичка екскурзија од ООУ „Илинден“ – Крива Паланка (трето одделение) била мета на тешка кражба денеска во Битола. Додека автобусот бил паркиран кај „ракометната“, биле украдени лични предмети, мобилни телефони, пари и новчаници на децата.

Веднаш по пријавата, СВР Битола спровеле брза и детална акција.

Благодарение на проверката на околината и видео надзорот, крадците биле лоцирани за само 40 минути. Украдените предмети биле пронајдени и вратени во целост назад на дечињата и наставниците, со што е спречена поголема непријатност за учениците на екскурзијата.

„Денес 31.10.2025 на паркингот во Битола кај “ракометната” се случи тешка кражба на нашиот автобус кој беше уредно паркиран.

– Украдени беа повеќе мобилни телефони, пари, новчаници и уште неколку лични предмети на деца кои во моментот беа на својата училишна екскурзија во Битола од ООУ “Илинден” – Крива Паланка (3 то одделение).

– По пријава на настанот, полиција дојде експресно брзо како и инспекторите кои по кратка но детална проверка и на околината и на видео надзорот за 40 минути беа лоцирани крадците каде украдените предмети се вратени во целост назад на дечињата и професорите“, стои во соопштението од Црво Експрес.

Exit mobile version