Официјално: Познато е која партија колку советници ќе има во Град Скопје

Вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски информира дека во Советот на Град Скопје коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со 17 советници, коалицијата на СДСМ со 12 советници, ДУИ ќе има 6 советници, Левица - 4, а по два советника во Советот ќе имаат коалицијата на ЛДП-ДОМ, коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива и Зелен хуман град. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалнички места, СДСМ девет, а ДУИ победи во три општини. Во останатите општини ќе се одржи втор изборен круг.

Даштевски информира дека советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје освоила  78.538 гласови, коалицијата на СДСМ добила 52.431 гласови од граѓаните, за листата на ДУИ гласале 26.338 избирачи, за Левица гласот го дале 20.070  гласачи, за коалицијата ЛДП-ДОМ гласале 9.152 избирачи, за коалицијата Алијанса за Албанците гласале 11.447 граѓани, додека за независната листа на група избирачи предводена од Драгана Велковска (Зелен хуман град) гласале 9.062  избирачи.

Што се однесува пак, до изборите за градоначалник на Град Скопје Даштевски потврди дека ќе има втор круг во кој влегуваат независниот кандидат Данела Арсовска која освоила  85.657 гласови, како и актуелниот градоначалник Петре Шилегов со освоени 77.852 гласови.

На прес-конференцијата беа соопштени општините во кои изборите за градоначалник завршија во првиот изборен круг, односно таму се избрани градоначалници. 

ВМРО-ДПМНЕ победи во 22 општини, СДСМ во 9 општини, а ДУИ во три општини. 

18.10.2021 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега