Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.5

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

.

Exit mobile version