Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словачка.

Во рамки на посетата, утре во Братислава таа ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. По официјалниот пречек, двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Сиљановска-Давкова ќе се сретне и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Роберт Калинак.

Во рамки на официјалната програма, претседателката ќе положи венец на Споменикот на слободата кај замокот Девин.

За време на престојот во Словачка, Сиљановска-Давкова ќе ја посети и групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, на која ќе бидат претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска. Куратор на изложбата е Кирил Пенушлиски.

Exit mobile version