Оџа од Дебар ќе биде нов министер за дијаспора

Џемаил Чупи, оџа од Дебар најверојатно ќе биде нов министер задолжен за дијаспора, јавува Телма
Тој е и поранешен кандидат за градоначалник на Дебар а во биографијата му пишува дека студирал на универзитетот на југоисточна Европа во Тетово и е доктор по политички науки. Тој бил дел од исламското училиште Иса Беј во Кондово, а тогаш алтернатива велеа дека го кандидираат за амбасадор бидејќи е со научно звање магистер по дипломатија. Откако овој обид пропадна, сега тој ќе биде надлежен за дијаспора – пишува Телма.
Според неофицијални информации, Ковачевски ќе има сериозен проблем со родовата застапеност во Владата бидејќи ниту еден од предлозите на ДУИ и Алтернатива нема да биде за припадничка од понежниот пол.
Тука во игра влегува Славјанка Петровска како нова министерка за правда и Санела Шкријељ која исто така треба да добие министерска позиција.

 

23.12.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега