Close Menu
    Најново

    Решете го проблемот со затнат одвод со помош на овој козметички производ

    04.12.2025 во 23:44

    2 домашни лекови против кашлица што ќе ве натераат да заборавите на сирупите

    04.12.2025 во 23:25

    Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

    04.12.2025 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Решете го проблемот со затнат одвод со помош на овој козметички производ
    • 2 домашни лекови против кашлица што ќе ве натераат да заборавите на сирупите
    • Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор
    • Трипуновски: Стокoвите резерви мора да бидат заштитени, очекувам целосна истрага за скандалот со отпишаната пченица и јачмен
    • Под контрола пожарот во близина на црквата „Св. Спас“ – интервенирале 20 пожарникари
    • „Евзони“ затворен и вечерва
    • Русија го блокира „Снепчет“
    • Николоски: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти, средба со Караџов и Маринеску во Брисел
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Одбиени жалбите – директорот и управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје остануваат во притвор

    Одбиени жалбите – директорот и управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје остануваат во притвор

    05.11.2025 во 15:19
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ги одби жалбите и ја потврди мерката притвор од 30 дена за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми, и управителот за отпад, Аки Саити.

    Притворот беше определен на 28 октомври по предлог на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради постоење на опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

    Обвинителството ги сомничи двајцата за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад.

    Ова резултирало со создавање на мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

    Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

    Популарно

    Уапсена АИ министерката Диела – ја фатиле како прима мито

    04.12.2025 во 19:59

    СДСМ: Новите бомби ја стресоа Власта на Мицкоски

    04.12.2025 во 16:43

    Јаневска: Учениците подолго време ќе остануваат во училиште

    04.12.2025 во 15:48

    2 домашни лекови против кашлица што ќе ве натераат да заборавите на сирупите

    04.12.2025 во 23:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.