Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одбележани 15 години мировно образование: Државниот секретар Ивановска порача дека мирот е избор и има највисока вредност

    Одбележани 15 години мировно образование: Државниот секретар Ивановска порача дека мирот е избор и има највисока вредност

    21.09.2026 во 13:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Живееме во регион каде многу пати низ историјата се покажа дека судирите, освен болка и загуба, не носат ништо добро. Тие оставаат празнини во семејствата, рани во заедниците и сенки врз иднината. Тие искуства нѐ учат дека мирот има највисока вредност, но и дека е избор. Затоа се значајни постојаните заложби за негово чување, истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, во своето обраќање по повод Меѓународниот ден на мирот и одбележувањето на 15 години спроведување и развивање на мировното образование во училиштата, во соработка со Првата детска амбасада Меѓаши.

    Ивановска ја нагласи важноста од едукацијата на младите во оваа насока, истакнувајќи ја следната порака:

    „Бројни наставници поминаа обуки и потоа во училиштата реализираа содржини за ненасилно решавање на конфликти, прифаќање на различностите и охрабрување на младите да поттикнуваат дијалог, толеранција и соработка а не поделби и раздор. Ако од мали децата учат да решаваат несогласувања со разговор, слушање и компромис наместо со кавга, да ги контролираат своите емоции и да ги почитуваат ставовите на другите, тогаш ќе пораснат во граѓани што имаат култура на мир и ја практикуваат во релациите со другите“, посочи Ивановска.

    Таа се заблагодари на „Меѓаши“ за ангажирањето во овој чувствителен сегмент и ги повика сите други чинители да помогнат во градењето образование кое оваа држава ќе ја развива во современа и напредна демократска заедница.

    Во рамките на одбележувањето, две средни училишта добија признанија за нивниот придонес кон мировното образование – „Ванчо Прке“ од Виница и „Зеф Љуш Марку“ од Скопје. Ивановска нагласи дека најголемата задача ја имаат наставниците кои стекнатото знаење го пренесуваат во училниците, додавајќи дека вистинската награда за нив и за институциите се учениците кои прераснуваат во одговорни граѓани.

    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов

    06.10.2026 во 13:49

    Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот

    06.10.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.