Одбележан Светскиот ден на водата 22 март во општина Илинден

Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. 2023 година е годината посветена на промените во користењето на водните ресурси и се обележува под мотото: Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.

По тој повод градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Ивица Трипуновски ги посетија дечињата од детската градинка во н.м Миладиновци и заедно донесоа заклучоци за важноста на водата во човековиот живот.

Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет.

Треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс.

Да ја вреднуваме и цениме водата! Дечињата за овој ден имаа подготвено приредба на тема за водата, а на градоначалникот и директорот им подарија подароци изработени од нивните вредни рачиња.

22.03.2023 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега