Утрово во Берово температурата се спушти до четири степени под нулата, а на Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 58 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во други градови се измерени: -2 Целзиусови степени во Битола и Струмица, -1 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип, 1 во Куманово, Прилеп, Охрид, Претор и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид, 3 во Kрушево и 4 во Виница.
Според синоптичарите, денеска се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 14 до 19 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува сончево и релативно топло време со максимална температура до 20 Целзиусови степени.


