Вчера во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во атар на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа, помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 27 години од село Батинци, скопско, и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишната Д.М. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Општата болница – Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.


