Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре дел од корисниците во општина Центар ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:30 до 15:30.

Според најавата, зафатот ќе опфати клучни институции и станбени објекти во централното градско подрачје.

Список на корисници кои ќе бидат без струја:

  • Дел од корисниците на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (бр. 49-53);
  • Поликлиниката „Идадија“;
  • „Веро“ маркет и „Макпетрол“;
  • Катната гаража и АМСМ;
  • Клубот на пратеници;
  • Останати локали и згради во непосредна близина на оваа област.

Прекинот е дел од редовните активности за подобрување на мрежата, а нормализирање на состојбата се очекува веднаш по завршување на интервенцијата.

Exit mobile version