Од вкупно 1.793 заразени во Скопје, најмногу има во Чаир - сепак, бројката помала од минатата недела

Oд вкупно 3.475 активни случаи со ковид-19 во земјава, најмногу 1.793 се во Скопје. Денешната статистика, која се базира на податоците од вчера, покажува дека и натаму најмногу активни случаи има во Чаир, но сега бројката на активни случаи е под 300, однос 293, за разлика од пред две недели кога беше над 400.

Следна општина според бројката на активни случаи е Гази Баба со 199, Карпош со 148, Аеродром – 147, Центар со 144, Бутел – 139, Сарај – 118, Студеничани со 109, Ѓорче Петров – 108, Кисела Вода – 101, Шуто Оризари – 80, Арачиново – 40, Илинден – 22, Петровец – 20, Чучер Сандево – 10, Сопиште – 11 и Зелениково- 15. Во Скопје има и 9 странци со ковид-19 и 80 активни случаи кои не се распределени по општини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега