Од полноќ нови цени на горивата - нафтата значително поевтина

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ја направи редовната корекција на малопродажните цени на нафтените деривати.
Регулаторот последната промена ја направи во петокот кога поевтине дизелот за 2 денари додека цената на бензинот остана непроменета.
Во моментов бензинот од 95 октани чини 83 денари а дизелот 78,5 денари.
На глобалните пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, по две недели раст, бидејќи централните банки најверојатно нема да ги намалат каматните стапки толку брзо, па не се очекува забрзување на економскиот раст и побарувачката на „црното злато“.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,2 отсто, на 81,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 3,4 отсто, на 76,49 долари. Во поголемиот дел од неделата, цените на нафтата не флуктуираа значително бидејќи беа поддржани од геополитичките тензии на Блискиот Исток.

https://adserver.mk/revive-adserver/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=172&loc=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Feconomy%2Fpadnaa-cenite-na-naftata-2%2F&cb=2f5eaf46eb

Но, тие нагло паднаа во петокот, бидејќи трговците беа загрижени од пораките на американската централна банка за каматните стапки

 

26.02.2024 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега