Од коронавирусот почина познат албански хематолог

На Инфективната клиника во Тирана од Ковид-19 почина професор доктор Арјан Пуши, познат хематолог, со бројни научни трудови.

По заболувањто од опасниот вирус бил хоспитализиран во Клиниката, а последните денови видно му се влошила состојбата и бил интубиран.

Министерството за здравство и социјална заштита изрази длабоко сочувство до семејството на Пуши, кој е прва жртва меѓу албанските бели мантили од коронавирус.

Преку Фејсбук реагираше и претседателот Илир Мета, кој напиша дека смртта на Пуши е огромна загуба и побара од Владата поголема грижа за здравствените работници.

Професорот е 70. жртва од почетокот на пандемијата во Албанија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа