Од денеска Германија ги враќа своите граници - потешко ќе се влегува во земјата

 

Поради преоптовареност на системот за прифаќање на баратели на азил, Германија од денеска воведува контроли на сите државни граници, кои ќе траат најмалку шест месеци.

Новата регулатива се однесува на премините кон Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Франција, пренесува Дојче веле.

Германија овој чекор го оправда со големиот број мигранти кои илегално влегуваат во земјата и преоптоварувањето на системот за прифаќање бегалци, изјави германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер.

Иако треба да биде исклучок во рамките на Европската унија, тие правила очигледно веќе не важат, оценува германското радио и укажува дека дополнителните контроли би можеле да доведат до потешкотии во движењето на луѓе и стоки, со оглед на тоа што Германија е во центарот на Шенген зоната.

Контролите на внатрешните граници се предвидуваат само под одредени услови, но самите земји-членки одлучуваат дали се исполнети овие услови, а за воведување гранични контроли се обврзани само да ја информираат Европската комисија во Брисел. Иако Европската комисија може да ги критикува контролите, тоа досега не го сторила.

 

16.09.2024 - 14:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега