ФОТО: Ставиле машна на новото возило за градските гробишта

ЈП „Градски гробишта“ опремено со ново транспортно возило. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на вчерашната промоција посочи дека продолжува опремувањето на јавните претпријатија со потребната механизација и возила.

Нашата замисла и цел е општинските јавни претпријатија да поседуваат сопствена механизација и возила како би се подобриле ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите, а дополнително би се намалиле средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација, вели Пецаков.

На фотографиите може да се забележи дека новото возило за градските гробишта е украсено со машна.

18.09.2024 - 17:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега