Обвинителството за убиството во Капиштец: Oсомничениот пукал неколку пати, па продолжил да го удира со кундакот по главата
Скопското обвинителство го заврши увидот на лице место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец, пришто беше убиен 46-годишен арачиновец.
Убиецот е во бегство.
Според првичните сознанија од Обвинителството, починатиот маж, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба.
„Мажите извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место“, велат од Обвинителството.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа