Close Menu
Press24
    Најново

    Ценовен шок од утре: Нафтата ќе чини 250 динари

    19.03.2026 во 17:00

    Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична

    19.03.2026 во 16:45

    Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром

    19.03.2026 во 16:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ценовен шок од утре: Нафтата ќе чини 250 динари
    • Запалил штала со пет тони сено и земјоделски алат – кривопаланчанец заработи кривична
    • Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром
    • Паника во Куманово: Евакуирано основно училиште по дојава за бомба – еве што утврди полицијата
    • Лимани потпиша договори со 10 општини: Неискористени простории стануваат градинки за децата
    • Серија апсења за семејно насилство – Тепале сопруги, сестри и демнеле поранешни партнерки
    • Се проширува инвестициската програма на МОН – освен студентските домови, ќе се реконструираат и државните училишта со ресурсни центри
    • Филипче: СДСМ е единствената неконтролирана опозиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителството му поднесе обвинение на Рамиз Мерко за договорот за осветлување на коритото на Црн Дрим

    Обвинителството му поднесе обвинение на Рамиз Мерко за договорот за осветлување на коритото на Црн Дрим

    17.09.2025 во 19:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Струшкото Основно јавно обвинителство денеска поднело обвинителен предлог против актуелниот градоначалник Рамиз Мерко, а во врска со договор што го склучил за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. 

    Иако во соопштението Јавното обвинителството не е наведено името на обвинетиот, сепак во него јасно стои дека станува збор за службено лице – градоначалник на Општина Струга, а делото за кое се товари го сторил во периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, период во кој Мерко раководи со општината.  

    Инаку, како што информираа од Обвинителството се товари за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 и Кривичниот законик.  

    Со делото за кое обвинет, струшкиот градоначалник го оштетил буџетот на Општината за 6 763 722 денари, односно околу 110 000 евра.  

    Изнесувајќи детали за случајот од Обвинителството наведуваат дека како службено лице градоначалникот на Општина Струга ги пречекорил своите овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното кориот на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.  

    Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, се вели во соопштението од Обвинителството.  

    Во текот на постапката, како што велат оттаму, биле преземени повеќе дејствија, меѓу кои и вештачење кое покажало дека инсталацијата од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката.  

    За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6 763 722 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на Општина Струга, наведуваат од ОЈО.

    Top News
    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.